Последната промена е направена на:
16 ноември 2017 во 19:28 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Прогласен победникот на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017 година
Четврток, 16 Ноември 2017 19:17
Slika_1Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, наседницата одржана на 27.10.2017 година, го усвои Извештајот на Комисијата заизбор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2017 годинасо што го прогласи трудот на Ангела Блажеска – "Анализа навлијанието на оперативниот ризик врз деловниот успех на компаниите за неживотноосигурување во Република Македонија" за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017година. Победничката Ангела Блажеска изврши презентација на својот труд на7.11.2017 година пред претставници на друштвата за осигурување во Агенцијата засупервизија на осигурување.

 

Трудот претставува емпириско истражување на ефикасноста во работењето наосигурителните компании во Република Македонија од областа на неживотнотоосигурување со испитување на пет компании кои имаат најголемо учество напазарот на осигурување во Р. Македонија. Преку употреба на комплекснаквантитативна анализа, целта е да се согледа состојбата на следниве индикаторина успех: бруто полисираната премија како доминантен извор на приход,влијанието кое врз неа го имаат бројот на осигурителните полиси, ликвидиранитештети и оперативните трошоци.

Трудот е методолошки конзистентен и содржи напредна квантитативна анализа,особено во делот на VAR моделите како иновативни во испитување накоинтеграцијата на варијаблите, компарирана со соодветни емпириски современистрански истражувања, и истата претставува основа за генерирање на поединечнинаоди за селектираните компании и генерални заклучоци за истите. Оперативниотризик за компаниите е еден од круцијалните фактори кој влијае на деловниотуспех на македонските компании, и на кој, особено на делот на оперативнитетрошоци, компаниите не фокусираат соодветно внимание и усовршување на интернитепроцеси.Slika_2

Трудот, во тој контекст, има додадена вредност за осигурителниот пазар иистиот е корисен имајќи ги во предвид квантитативните наоди, кои треба да секористат во работењето на компаниите, но сепак со ограничено влијание. Трудот едоминантно ориентиран кон квантитативната анализа на оперативниот ризик, и воистиот има дополнителен простор за длабинска анализа на вкупните перформанси накомпаниите и потреба за подетална квалитативна анализа на оперативниот ризик инеговите фактори.

Tрудот на авторот

Презентација

 
Наградени на конкурсот „Светски ден на штедење“ (на теми: „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“)
Среда, 01 Ноември 2017 14:16
Добивме преку 780 ликовни и литературни творби од ученици за конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето. Го објавуваме списокот на наградени творби, а на сите останати им честитаме за учеството - навистина добивме прекрасни идеи на поставените теми.

Јавното доделување...
Повеќе...
 
Реализирана работна посета со претставници од Регулаторот на финансиски пазар на Австрија
Четврток, 20 Јули 2017 13:46
      На 5.7.2017 година, Агенцијата за супервизија на осигурувањеорганизираше Работилница со претставници од Регулаторот на финансиски пазар наАвстрија (FMA) и Асоцијацијата на осигурители на Австрија (VVO), на којаучесници беа членовите на органите на управување на...
Повеќе...
 
КОНКУРС за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017 година
Вторник, 16 Мај 2017 00:00
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2017 година...
Повеќе...
 
Конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври 2017
Четврток, 07 Септември 2017 09:37
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО - 31 ОКТОМВРИ

 

НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ И АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

ОБЈАВУВААТ

КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.

 

АЈДЕ ДА...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Правен Факултет „Јустинијан Први“
Понеделник, 17 Јули 2017 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување на 14 јули, 2017 година со Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан Први“ склучи Меморандум за соработка. Со овој Меморандум за соработка двете страни ја уредуваат соработката во врска со размена на искуства...
Повеќе...
 
Глобална недела на пари
Петок, 24 Март 2017 00:00
Во периодот од 27 март до 2 април, 2017 година ќе се одвива традиционалниот настан ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИ. Овој настан се случува на глобално ниво и е со единствена цел да се зголеми финансиското знаење на населението. 

Агенцијата за супервизија на осигурување е голем...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 20

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување