Последната промена е направена на:
21 октомври 2019 во 14:37 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Деловна средба со Македонското актуарско здружение “Актуар”

На 16 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување одржа деловна средба со Македонското актуарско здружение “Актуар”. На средбата присуствуваа Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата,  г. Климе Попоски и актуарите во својство на членови на Здружението.

aktuari

На Агендата на активности  беа поставени тековните активности на “Актуар” , неговите намери и цели за унапредување на актуарската дисциплина и нејзина соодветна примена во Република Македонија. Особено, беше потенцирано прашањето околу организирање на нов циклус на едукација, континуирано изучување и примена на актуарската наука, пришто г. Попоски во име на Агенцијата изрази безрезервна поддршка и помош. Во насока на зајакнување и продлабочување на соработката исто така, актуарите се обврзаа за активен придонес во изготвување и донесување на подзаконската регулатива согласно Законот за супервизија на осигурување, а подетално во делот кој го регулира работењето и известувањето од страна на актуарите

Се очекува преку редовни средби и размена на информации и податоци значително да се придонесе за понатамошен развој на актуарството и осигурувањето во Република Македонија.

 
Склучен Меморандум за соработка со Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризам
На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Овој документ е во функција на зајакнување на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во...
 
Склучен Меморандум за соработка со Комисија за хартии од вредност
На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност. Овој документ е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката на двете институциии во областите кои се предмет на заеднички...
 
Склучен Меморандум за соработка со Централна Банка на Република Косово
На 5 март 2010 во просториите на Централната банка на Косово беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија и Централната банка на Република Косово.

Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на...
 
« ПочетокПред1112СледноКрај »

Страница 12 од 12

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување