Последната промена е направена на:
16 септември 2019 во 08:52 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување

 

1H

Во насока на ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на човечките ресурси преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените. Во рамки на активностите за развој на овие ресурси Агенцијата спроведува редовни обуки во земјата и странство.

Во периодот 4-5 ноември 2013 година, во седиштето на АСО, од страна на експерти од Народната банка на Холандија (De Nederlandsche Bank- DNB) беше реализирана обука чија цел беше да се пренесе знаење и искуство на супервизорите од Холандија за спроведување на супервизија врз субјектите на осигурување. Оваа обука беше последна во пакетот на обуки со DNB за оваа година, и се одржа во рамки на проектот за техничка помош меѓу АСО и DNB.

3H

Исто така, во рамки на проектот беа организирани уште две обуки за вработените во АСО. Првата обука се однесуваше за спроведување на вонтеренска супервизија и истата беше одржана во периодот 22-23 јули 2013 година, во седиштето на DNB, во Амстердам, Холандија. На оваа обука, од страна на експертите од DNB беше презентиран начинот на кој тие ја вршат вонтеренската супервизија. Во периодот 16-17 септември 2013 година во седиштето на АСО, беше спроведена обука за начинот и постапките за спроведување на ризично базирана супервизија.

Преку соработката со DNB Холандија, супервизорите од АСО се стекнаа со знаење и искуства кои понатаму ќе им помогнат за унапредување и усовршување на начинот на вршење на супервизија врз субјектите на осигурување во Р. Македонија.

 
Потпишан меморандум за соработка меѓу АСО и ФЗОМ
На 13 декември 2012 година, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија (ФЗОМ) потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу  АСО и ФЗОМ поврзана со размената и употребата...
 
Одбележување на Денот на осигурување
  Агенцијата за супервизија на осигурувањето го одбележа Денот на осигурување со пригодна свеченост која се одржа во Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Скопје. На овој свечен настан беа поканети високи државни претставници, претставници од...
 
Мисија на Светска Банка во Република Македонија, 20-22 јуни 2012
Во рамките на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), во времетраење од три дена (20-22 јуни 2012 година), претставници од Светската банка и Европа Ре организираа серија на состаноци со друштвата за осигурување, Министерството за финансии...
 
Посета на Австриската асоцијација на осигурители
На 14-ти март, 2012 година, членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување остварија работна средба во Виена, во седиштето на Австриската Осигурителна Асоцијација.Целта на оваа посета беше да се одржи презентација од страна на Агенцијата за...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 7 од 12

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување