Последната промена е направена на:
05 декември 2018 во 15:46 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Доделени наградите на учениците со најдобри творби за меѓународните денови на штедењето и осигурувањето
Финансиската едукација треба да започне уште од основно училиште. Треба да се вложува во унапредување на финансиската писменост, бидејќи таа придонесува за подобри финансиски одлуки и здрава економија. Ова беше истакнато денеска на јавното доделување на наградите за учениците од основното и средното образование од конкурсот за најдобри литературни и ликовни творби по повод меѓународните денови на штедењето и осигурувањето. Доделувањето се одржа во Министерството за финансии, а на него присуствуваа министерот за финансии, Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.



‒ „Колку е повисоко нивото на финансиска писменост, толку подобри финансиски одлуки се носат. Со финансиска едукација треба да се започне уште од основно образование. Децата треба да знаат која е функцијата на парите, што значи да се штеди. Затоа Министерството за финансии, како дел од Координациското тело за финансиска едукација, во текот на целата година организира предавања во основните и средните училишта. Во насока на финансиската едукација е и изработката на „Граѓанскиот буџет“, со кој на јавноста на едноставен начин ѝ се дава увид во државниот буџет. На тој начин граѓаните имаат поголема контрола врз трошењето на државните пари“ ‒ истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Гувернерката на НБРМ Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка, веќе години наназад, презема бројни активности на полето на финансиската едукација. Меѓу активностите остварени оваа година, таа го издвои и мерењето на финансиската писменост во државата, извршено од НБРМ, коешто на регулаторните институции им овозможи јасна слика за нивото на финансиската писменост и претставува една од основите за планирањето на натамошните активности во сферата на финансиската едукација.

‒ „За општеството, од нивото на штедење зависат инвестициите, а од инвестициите зависи и развојот и благосостојбата во економијата. Штедењето значи повеќе болници, а со тоа и подобар квалитет на нашиот живот, повеќе патишта кои ќе нè однесат посигурно и побрзо до нашата природна одредница – Европската Унија, поквалитетен образовен систем, а со тоа и соодветен човечки потенцијал без кој нема прогрес во општеството“ ‒ истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, осврнувајќи се на придобивките коишто ги носи штедењето.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Климе Попоски, истакна дека раната финансиска едукација претставува клучен фактор за долгорочен развој на финансискиот систем во една земја. Во развиените земји степенот на финансиска едукација е на многу повисоко...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека вториот стручен испит за осигурителен брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 20.11.2018 година од 11:30 до 13:30 часот.

Стручниот испит за осигурителен брокер ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот Факултет...
 
Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2018 година
Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод  одбележување на Денот на осигурувањето,  1-ви ноември, организираше конференција за земјоделско осигурување. Конференцијата беше  организирана заеднички со Министерството за земјоделство, шумарство и...
 
Регионална актуарска конференција – 22 февруари 2018 година
SC XPRIMM International во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување организираат регионална актуарска конференција, која за прв пат ќе се одржи во Скопје на  22 февруари 2018 година.

SC XPRIMM International SRL во изминатиот период се промовираше како квалитетна институција која...
 
Наградени на конкурсот „Светски ден на штедење“ (на теми: „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“)
Добивме преку 780 ликовни и литературни творби од ученици за конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето. Го објавуваме списокот на наградени творби, а на сите останати им честитаме за учеството - навистина добивме прекрасни идеи на поставените теми.

Јавното доделување...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 12

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување