Последната промена е направена на:
29 ноември 2019 во 15:33 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Свечено одбележување на 10-годишнината од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување и Денот на осигурување (1 Ноември)

На 4 ноември 2019 година, Агенцијата за супервизија на осигурување организираше настан со цел свечено одбележување на 10-годишнината од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување и Денот на осигурување (1 Ноември).

PFZ_8978

Во рамки на свечениот дел на настанот, воведни обраќања имаа Бујар Османи, Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Нина Ангеловска, Министер за финансии во Владата на Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Со цел потврдување на добрата соработка, Агенцијата за супервизија на осигурување им додели благодарници на следниве институции и истакнати поединци:

-       Министерство за финансии на Република Северна Македонија,

-       Сектор за финансиски систем при Министерството за финансии,

-       Стопанска комора на Македонија,

-       Канцеларија на Светска банка во Република Северна Македонија,

-       Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија,

-       Канцеларија на Европската банка за обнова и развој на Република Северна Македонија,

-       Народна банка на Република Северна Македонија,

-       Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија,

-       Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување,

-       Агенција за супервизија на осигурување на Република Словенија,

-       Агенција за финансиски надзорна Република Австрија,

-       Агенција за супервизија на финансиските услуги на Република Хрватска,

-       Факултет за туризам и угостителство – Охрид,

-       Здружение на осигурители од Австрија,

-       Карел Ван Хуле, и

-       Братислав Милошевиќ.

PFZ_9215

Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2019 на Бојан Србиноски за трудот со наслов „Побарувачката за осигурување на живот и ограничувањата при позајмувањето“ (преземи тука).

PFZ_9272

Наградата на авторот му ја додели претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски, по што следеше краток осврт на трудот од страна на авторот.

Во рамки на работниот дел на настанот се одржа панел дискусија на тема “Движечките фактори за повисок и одржлив раст на осигурувањето во регионот на Југоисточна Европа”, на која учество зедоа:

-       Карел Ван Хуле, професор на Католичкиот универзитет во Левен, Белгија, во улога на модератор

-       Горазд Чибеј, директор и претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Словенија;

-       Ник Де Мешалк, директор на БИПАР, Европска федерација на посредници во осигурување;

-       Кирил Бошов, претседател на Управниот одбор и ко-основач на Еурохолд, Бугарија

-       Маја Крумбергер, директор на Словенечкото здружение за осигурување

-       Патриша Борн, професор на Колеџот за бизнис на Државниот универзитет во Флорида, САД

-       Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување

PFZ_9336

Во дискусиите се даде осврт на 3 теми, и тоа:

-       Развојот на пазарот на осигурување во Македонија и во другите земји од Западен Балкан,

-       Препознавањето на улогата на осигурувањето, и

-       Влијанието и ефектите на осигурителната регулатива на Европската Унија.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување