Последната промена е направена на:
29 ноември 2019 во 15:33 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Дигитализацијата се претставува како "четврта индустриска револуција" која брзо ги трансформира општествата и економиите. Брзината и обемот на промените веројатно се без преседан. Дигитализацијата има потенцијал силно да влијае врз речиси секоја индустрија, во секоја земја, вклучувајќи ја и осигурителната индустрија.

Брзи промени се случуваат низ сите процеси на синџирот на вредности на бизнис моделот на осигурување: од дизајн на продукти, преземање на ризици и одредување цени на производите, нивниот маркетинг и дистрибуција, до обработката на штети и управување со односите со клиентите. Примери за дигитализација се: мобилни уреди, интернет на нешта, телематика, "големи податоци (big data)", машинско учење и вештачка интелигенција (AI), "chat-bots", дистрибуирани технологии (DLT) како што се block chain и паметни договори, компаратори, роботи советници, бизнис-модели засновани на peer-to-peer платформи.

Нашата осигурителна индустрија не е имуна на овие процеси и во секојдневното работење на субјектите на осигурување се почесто има примени на напредни технологии. Со цел да се согледаат перспективите од придобивките на процесите на дигитализација, како и потенцијалот со кој располага нашата земја во однос на човечки капитал и извори на финансирање, Агенцијата за супервизија на осигурувње и Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора на Македонија организира два настана под името InsurHack и InsurТech.

На 28 и 29 Септември 2019 година во просториите на Стопанска Комора на Македонија се одржа првиот хакатон од областа на осигурувањето -  InsurHack Скопје 2019. На настанот настапија вкупно 16 учесници во 5 тимови. На тимовите им беа презентирани 5 теми од областа на осигурувањето од кои можеа да изберат една тема на којашто ќе работат. Целта на истиот беше запознавање на студентите со осигурителната индустрија и развој на креативни дигитални решенија за унапредување на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување. Победничкиот тим ќе има можност да го презентира своето решение на настанот InsurTech Skopjе.

InsurТech Skopje ќе се одржи на 2 и 3 Октомври и истиот ќе се состои од 2 дела. Во првиот дел од настанот (2-ри Октомври) предвиденa e Start up Pitch Сесиja каде што start up компании од земјата и странство ќе презентираат дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија. Вториот дел од настанот ќе биде организиран како  Insurtech конференција на која ќе учествуваат реномирани странски говорници, глобални лидери на Insurtech екосистеми, менаџери на иновации и дигитализации на големи европски осигурители, како и успешни start up компании на полето на Insurtech.

Дигиталната технологија го менува работењето на осигурителите од аспект кои ризици ќе ги превземе во осигурување и на кој начин ќе ги воспостави процесите на превземање на ризик, дистрибуција, администрација и управување со штети. Осигурувањето станува повеќе ориентирано кон клиентот. Улогата на осигурителите се проширува од примарна фокусираност на надомест на штета кон поширока советодавна услуга за клиентите која вклучува како да се спречат, намалат и да се управува со ризиците на кои се изложени. Новите можности воведени со следењето во реално време и визуализацијата фундаментално ги менуваат односите на осигурителите со клиентите

Употребата на податоци од извори како што се телематиката и мобилни инструменти им овозможуваат на осигурителите да дизајнираат и одредат цени на производи врз основа на прецизни и точни информации за ризиците што ги превземаат. Развојот на вештачката интелигенција и машинското учење овозможува обезбедување на автоматски совети и полесно откривање на измами. Веб-страниците за споредување можат да им помогнат на потрошувачите со повеќе информации, ако се независни, како ќе изберат производ, и може да го олеснат разбирањето на производите. Новите технологии можат да ги забрзаат процесите, како што се управувањето со штетите, и може да доведат до поголема ефикасност што ќе ги намали вкупните трошоци.

Додека дигитализацијата има потенцијал да им користи на потрошувачите, тоа предизвикува ризици што можат да влијаат на фер третманот на потрошувачите и притоа да бидат во спротивност на регулаторните барања за пазарното однесување на осигурителните субјекти и заштита на интересите на потрошувачите. Така на пример, постојат ризици од намален контакт лице-в-лице, недоволно разбирање од страна на потрошувачот за производот или услугата и за самиот давател на услуги, ризици во безбедноста и потенцијална злоупотреба на зголемените количини на податоци за потрошувачи и потенцијално исклучување за некои потрошувачи. Собирањето на податоци за осигурениците може да овозможи грануларна категоризација на ризиците која потенцијално може да влијае врз основниот принцип на кој се заснова осигурувањето а тоа е здружување на ризици и може да го доведе до прашање достапноста на одредени осигурителни производи, можеби дури и да доведе до исклучување.

Според претходното, важна и нова улога ќе имаат регулаторите кои ќе треба внимателно да ги следат однесувањата на потрошувачите, за да осигурат дека режимите на надзор продолжуваат да ги олеснуваат бенефитите за потрошувачите како последица од технологијата и иновациите. Од витално значење ќе биде усогласувањето со новите модернизирани меѓународни принципи на осигурување пропишани од страна на Меѓународнaта Асоцијација на Осигурителни Супервизори (IAIS).

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување