Последната промена е направена на:
29 ноември 2019 во 15:33 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Изминатата недела во седиштето на Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA), во Франкфурт, Германија се одржа за прв пат Осигурителен Супервизорски Форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан.

69918651_455637641715837_846355792809426944_n

Делегација од Агенцијата за супервизија на осигурување присуствуваа на Форумот и имаа презентација за сегашните развојни трендови на македонскиот осигурителен пазар, како и за актуелните предизвици од областа на регулатива и супервизија. Претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски истакна „ Во последните 10 години имаме значаен пораст на осигурувањето и тоа во двата сегмента неживот и осигурување на живот. За споредба во периодот 2009-2018 година кумулативниот и просечно годишната стапка на раст во двата сегмента на осигурителниот сектор се поголеми во споредба со просекот на пазарите на осигурување во ЕУ.IMG_1009

Целта на Супервизорскиот Форум претставуваше  предизвиците во имплементацијата на европските осигурителни директиви во националните законодавства на земјите од Западен Балкан, зајакнување на дијалогот помеѓу регулаторните тела од регионот и Европското регулаторно тело за осигурување и пензии, како и јакнење на супервизорските капацитети и практики за поголема стабилност на осигурителниот сектор.

Во рамките на Форумот покрај претставувањето на актуелните предизвици од областа на регулативата и супервизијата во осигурувањето од страна на претставниците од земјите од Западен Балкан, Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, г-ин Климе Попоски ќе има излагање во име на земјите на Западен Балкан на тема „Економски развој и преглед на осигурителната индустрија во регионот на Западан Балкан“.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување