Последната промена е направена на:
11 ноември 2019 во 13:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Агенцијата за супервизија на осигурување, домаќин на Регионален настан на осигурителни супервизори

Агенцијата за супервизија на осигурување по вторпат е домаќин на Регионален семинар во заедничка организација со Институтот за финансиска стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). Семинарот оваа година ќе биде на тема групна супервизија, деловно однесување на пазарот и дигитализацијата во осигурувањето. Истиот ќе се одржи во Охрид, во периодот од 26 до 27 септември.

На семинарот ќе земат учество претставници од регулаторните тела и институции надлежни за супервизија на осигуравање од регионот на Централно-Источна Европа, Централна Азија и Кавказскиот регион и исто така, ќе бидат поканети истакнати експерти од областа кои ќе презентираат и говорат на одбрана тема. Истиот претставува одлична можност за размена на знаење и искуство меѓу супервизорите од областа на регулативата и спроведувањето на супервизијата на осигурување и воедно можност да се воспостават поблиски односи за идна соработка меѓу регулаторните институции.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување