Последната промена е направена на:
17 јули 2019 во 12:51 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Агенцијата за супервизија на осигурување  во рамки на својата мисија и визија во континуитет реализира активности од сферата на финансиската едукација и придонесува во градењето на финансиското знаење не само на младата популација туку и на повозрасното население.

Во рамки на Глобалната недела на парите оваа година Агенцијата оствари голем број активности самостојно, и заедно со членките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузивност,  за подигнување на свеста од поголема финансиска писменост, а особено со фокус на улогата на осигурувањето и супервизијата.

Просториите на Агенцијата беа отворени за посета на ученици од повеќе  основни и средни училишта (Страшо Пинџур-Кочани, Фаик Коница-Гостивар, Св. Климент Охридски- Гевгелија,  Христо Узунов-Охрид, Васил Антевски Дрен-Скопје и др.), со што им се овозможи на учениците изворно да се запознааат со надлежностите на Агенцијата и нејзиното работење. Исто така, во рамки на оваа манифестација беше организирана и посета на друштво за осигурување  пришто учениците имаа можност да се запознаат со улогата на друштво за осигурување како акционерско друштво и неговото функционирање.

При реализацијата на овие посети, учениците имаа можност да проследат едукативни презентации преку кои стекнуваат поголемо знаење за институциите кои се дел од финансискиот  систем на една земја и финансискиоте производи и услуги кои ги нудат.

Агенцијата за супервизија на осигурување согласно задачите во своите програми и понатаму ќе продолжи да реализира активности што значат градење на капацитетот на идните генерациите од кои се очекува да бидат главни носители на економските и финансиските текови во нашата држава.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување