Последната промена е направена на:
01 август 2017 во 12:09 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Содржина

 

  1. Издавање дозвола за вршење работи на осигурување
  2. Издавање дозвола за воведување нова класа на осигурување
  3. Издавање дозвола за пренос на осигурително портфолио
  4. Издавање дозвола за склучување на договор за пренос на значаен дел на активностите на друго друштво за осигурување или правно лице
  5. Издавање дозвола за статусни измени
  6. Издавање дозвола за основање и работа на филијала на странско друштво за осигурување
  7. Издавање дозвола за основање и работа на филијала во странство
  8. Издавање на претходна согласност за вложување на друштво на осигурување во акции или удели во друго правно лице кои изнесуваат повеќе од 10% од капиталот на друштвото за осигурување
  9. Издавање дозвола за отварање на осигурително брокерско друштво
  10. Издавање дозвола за отворање на друштво за застапување во осигурувањето
  11. Издавање лиценца за осигурителен брокер
  12. Издавање лиценца за застапник во осигурувањето
  13. Издавање лиценца за работа како овластен актуар


1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ РАБОТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ 

     

    1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола за вршење на работи на осигурување, согласно тарифен број 1.2 од Тарифникот;

    2. Основачите на друштвото за осигурување кон барањето за добивање на дозвола за вршење на работи на осигурување се должни да приложат :

    1. предлог на статут;
    2. план за работа;
    3. предлог на акти на деловната политика во однос на класите на осигурување наведени во член 5 точки 2 и 10 од овој закон со мислење на овластен актуар;
    4. доказ дека се уплатени пари£ни средства на име акционерски капитал на засебна привремена сметка кај носител на платен промет;
    5. извори на средства за уплата на капиталот;
    6. потврда од надлежна институција за редовно плаќање на јавните давачки;
    7. список на акционери, со наведување на име, презиме и адреса на физичките лица и назив и седиште на правните лица, како и податоци за вкупниот номинален износ на поседувани акции и процент на учество во акционерскиот капитал на друштвото за осигурување;
    8. докази во врска со член 14 од Законот за супервизија на осигурување;
    9. список на лица кои се поврзани лица со лицата кои поседуваат квалификувано учество во друштвото за осигурување, со доказ за начинот на поврзаност согласно член 16-а од Законот за супервизија на осигурување;
    10. за физичките лица кои се предложени за членови на органот на управување и/или надзорниот орган:
    11. доказ дека се исполнети условите пропишани во член 23 и член 28 од Законот за супервизија на осигурување и доказ за  извршена уплата согласно број 1.12 од Тарифникот;
    12. доказ дека лицето не подлежи на ограничувањата за избор пропишани согласно овој или други закони а кои се однесуваат на членови на орган на управување или надзорен орган;
    13. предлог договори за вршење на надворешни активности, ако друштвото за осигурување планира да овласти други субјекти за вршење на надворешни активности;
    14. документација врз основа на која може да се констатира дека друштвото за осигурување е кадровски, технички и организационо оспособено за вршење на работите предвидени со актот за основање на друштвото за осигурување со податоци за информатичкиот систем и техничката опременост на друштвото за осигурување;
    15. елаборат за организација и работа на Службата за внатрешната ревизија и Правила за управување со ризик;
    16. име и презиме на овластениот актуар кој ќе врши актуарски работи во друштвото за осигурување со доказ дека се исполнети условите пропишани во член 110 од Законот за супервизија на осигурување;
    17. име и презиме на овластениот ревизор кој ќе биде назначен за внатрешен ревизор во друштвото;
    18. програма за имплементација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

     

    3. Правните лица кои имаат намера да стекнат квалификувано учество во друштво за осигурување, покрај документите, податоците и информациите  од точка 2, кон барањето доставуваат и:

    - Акт за основање и список на членови на органот на управување на правното лице;

    - Извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на правното лице;

    - Копија од акционерска книга, односно доказ од друг соодветен јавен регистар;

    - Ревизорски извештај од овластено друштво за ревизија за последните две деловни години.

     

    4. Доколку акционерот е странско правно лице или домашно правно лице кое е непосредно или посредно во мнозинска сопственост на странски физички или правни лица, кон барањето за добивање на дозвола за вршење на работи на осигурување се приложува и:

    1. доказ од странското друштво за осигурување дека има дозвола за вршење на работи на осигурување  во матичната земја, ако странскиот акционер е друштво за осигурување;
    2. мислење на странска институција овластена за супервизија на друштвото за осигурување, ако странскиот акционер е друштво за осигурување, и
    3. ревизорски извештај од првокласно друштво за ревизија за последната деловна година ако странскиот акционер е правно лице кое не е друштво за осигурување.

     

    5. Кон барањето за добивање на дозвола за вршење на работи на осигурување треба да се приложи и потврда од овластен актуар дека друштвото за осигурување, во однос на планираниот вид и обем на активности ќе може да го обезбеди потребното ниво на маргина на солвентност.

    6. Покрај наведените податоци од точките 1, 2, 3, 4 и 5, Агенцијата за супервизија на осигурување може да бара и дополнителни документи, податоци и информации и да спроведе интервју со предложените членови на органот на управување и надзорниот орган и со лицата кои имаат намера да се стекнат  со квалификувано учество во друштвото за осигурување.


    2. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДОБИВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НОВА КЛАСА НА ОСИГУРУВАЊЕ

     

     

    1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола за воведување нова класа на осигурување, согласно тарифен број 1.3 од Тарифникот;

    2.  Друштвото за осигурување кое има дозвола за вршење на работи на осигурување во рамки на одделни класи на осигурување е должно, за вршење на работи на осигурување во рамки на други класи на осигурување да добие дозвола за воведување нова класа на осигурување, од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.

    3. Во однос на дозволата за воведување нова класа на осигурување, ќе се применуваат одредбите од член 32 до 34, 38 и 40 од Законот за супервизија на осигурување.


     

    3. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ПРЕНОС НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОРТФОЛИО

     

    1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола за пренос на осигурително портфолио, согласно тарифен број 1.4 од Тарифникот;

    2. Друштвото за осигурување може преку договор да изврши пренос на договорите за осигурување во рамки на една или повеќе класи на осигурување (во натамошниот текст: осигурително портфолио) заедно со средствата кои ги покриваат техничките резерви и/или математичката резерва, во висина на техничките резерви и/или математичката резерва кои треба да бидат издвоени за осигурителното портфолио кое е предмет на пренос  на друго друштво за осигурување;

     

    3. Барањето за добивање на дозвола за пренос на осигурително портфолио содржи:

    1. листа на договори за осигурување според одделни класи на осигурување кои се предмет на пренос, како и Општите и посебни услови за осигурување за тие договори за осигурување и соодветни пресметки за техничките резерви и/или математичката резерва;
    2. податоци за средствата кои ги покриваат техничките резерви и/или математичката резерва, со наведување на нивниот обем и податоци врз основа на кои може да се изврши проверка на  обемот;
    3. измени во планот на работа на друштвото за осигурување кое го презема осигурителното портфолио, а кои се јавуваат како резултат на преносот;
    4. договор за пренос на осигурително портфолио.

     

    4. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ПРЕНОС НА ЗНАЧАЕН ДЕЛ НА АКТИВНОСТИТЕ НА ДРУГО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ПРАВНО ЛИЦЕ

     

    1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола за склучување на договор за пренос на значаен дел на активностите на друго друштво за осигурување или правно лице, согласно тарифен број 1.5 од Тарифникот;

    2.Договор за пренос на надворешни активности претставува договор со кој друштвото за осигурување пренесува значаен дел од своите активности на друго друштво за осигурување или друго правно лице.

    Во договорот за пренос на надворешни активности се наведува дека субјектот што прифаќа да ги врши надворешните активности е должен да  му ги обезбеди на друштвото за осигурување податоците согласно став 2 од член 47 од Законот за супервизија на осигурвање, кои друштвото за осигурување  е должно до  Агенцијата за супервизија на осигурување  да достави податоци за правниот статус, финансиската состојба и работењето на субјектот со кој е склучен договорот за пренос на надворешни активности.

     

    5. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА СТАТУСНИ ИЗМЕНИ

     

    1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола за статусни измени, согласно тарифен број 1.6 од Тарифникот;

    2. Под статусни измени  се подразбира спојување на друштва за осигурување, припојување на едно друштво кон друго или поделба на друштво за осигурување на повеќе самостојни друштва за осигурување.

    3. Во однос на дозволата за статусни измени, ќе се применуваат одредбите од член 32 до 39 од Законот за супервизија на осигурување.


     

    6. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ОСНОВАЊЕ И РАБОТА НА ФИЛИЈАЛА НА СТРАНСКО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

     

    1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола за основање и работа на филијала на станско друШтво за осигурување, согласно тарифен број 1.7 од Тарифникот;

    2. Странско друштво за осигурување може да врши работи на осигурување на територијата на Република Македонија исклучиво преку филијала.

    3.  За основање и работа на филијала на странско друштво за осигурување треба да бидат исполнети следниве услови:

    1. со работењето на филијалата да управуваат двајца менаџери, на кои  ќе се применуваат одредбите од членовите 22 до 25 и 27 од Законот за супервизија на осигурување;
    2. филијалата треба да биде соодветно кадровски, технички и организационо оспособена за вршење на работите предвидени со планот за работа на филијалата;
    3. филијалата треба да има доволно капитал на располагање; одредбите од членовите 75 или 76 од Законот за супервизија на осигурување ќе се применуваат во однос на капиталот на филијалата;
    4. филијалата е должна, на територијата на Република Македонија да располага со средства во износ од најмалку една половина од гарантниот фонд од член 77 став (2) од Законот за супервизија на осигурување како и на посебна сметка во Народна Банка на Република Македонија да депонира парични средства како обезбедување за покривање на обврските што произлегуваат од договорите за осигурување склу£ени на територијата на Република Македонија и/или за покривање на ризици во Република Македонија, и тоа во износ од една четвртина од гарантниот фонд од член 77 став (2) од Законот за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: гарантен депозит).

    4. Странско друштво за осигурување е должно за основање и работа на филијала на територијата на Република Македонија да добие дозвола за основање и работа од  Агенцијата за супервизија на осигурување;

    5. Кон барањето за добивање дозвола за основање и работа на филијала на странско друштво за осигурување се приложува:

    1. статут на филијалата;
    2. примерок од решението за упис во трговскиот регистар или друг релевантен регистар што се води во државата во која се наоѓа седиштето на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
    3. статут и други акти кои го регулираат работењето на друштво за осигурување кое ја основа филијалата;
    4. ревидирани финансиски извештаи за последните три деловни години на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
    5. документ со податоци за сопствениците и  износот на акции со право на управување во друштвото за осигурување кое ја основа филијалата, доколку во документот не се наведени сопствениците на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
    6. примерок од решението за упис во трговскиот регистар или релевантен регистер од земјата во која се наоѓа седиштето на правните лица кои имаат квалификувани удели во  друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
    7. план на работа за период од две години, согласно член 38 од Законот за супервизија на осигурување;
    8. изјава дека филијалата ќе води евиденција и ќе ја чува  целокупната документација  во однос на своето работење во седиштето на филијалата во Република Македонија;
    9. дополнителна документација со која се потврдува дека е обезбеден минимален капитал како и дека е депониран гарантниот депозит;
    10. документација од која се утврдува дека филијалата е кадровски, техни£ки и организационо оспособена за вршење на работите наведени во барањето за добивање дозвола за основање и работа на филијала.

    6.  Во однос на издавање на дозвола за основање и работа на филијала на странското друштво за осигурување, соодветно се применуваат одредбите од членовите од 32 до 34 од Законот за супервизија на осигурување.


     

    7. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ОСНОВАЊЕ И РАБОТА НА ФИЛИЈАЛА ВО СТРАНСТВО

     

    1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола за основање и работа на филијала на станско друштво за осигурување, согласно тарифен број 1.8 од Тарифникот;

    2. Друштво за осигурување кое има намера да започне со вршење на работи на осигурување во земја членка е должно за тоа претходно да го извести Агенцијата за супервизија на осигурување, притоа наведувајќи ја земјата членка. Известувањето содржи опис на работите на осигурување кои ќе ги врши друштвото, видот и обемот на работа по одделни класи на осигурување, дополнет план за работа, како и потврда согласно став 2 од член 32 од Законот за супервизија на осигурување.

    Друштвото за осигурување за основање и работа на филијала во странска земја е должно да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување .

    3. При донесување на решение за издавање на дозвола за основање и работа на филијала во странство, се применуваат одредбите од став 1, 2, 4, 5 и 6 од член 54 од Законот за супервизија на осигурување.

     


     

    8. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗАИЗДАВАЊЕ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ НА ОРГАНОТ НА УПРАВУВАЊЕ НА ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

     

     

    1. Доказ за  извршена уплата за издавање претходна согласност за именување на членови на орган на управување, согласно тарифен број 1.12 од Тарифникот;

     

    2. За издавање претходна согласност за именување на членови на орган на управување (управен и извршни членови на одбор на директори) во друштво за осигурување, до Агенцијата за супервизија на осигурување заедно со барањето за издавање претходна согласност се доствува и следната  документација:

    1. Одлука на надзорниот орган (надзорен одбор и неизвршни членови на одбор на директори) на друштвото за именување на предложениот член на органот на управување, која ќе стапи на сила по издавањето согласност од Агенцијата.
    2. Копија од личната карта, односно копија од пасошот на предложениот член на орган на управување (за странско физичко лице).
    3. Доказ дека членот на органот на управување има високо образование;
    4. Доказ дека членот на органот на управување има 3 години работно искуство на раководни места во друштво за осигурување, односно 5 години работно искуство на раководни места во банка или друга финансиска институција од сличен обем на активности како друштво за осигурување;
    5. Доказ дека членот на органот на управување не е член на орган на управување, надзорен орган или прокурист во друго друштво за осигурување или друго трговско друштво;
    6. Доказ дека членот на органот на управување не е член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување или друго лице вработено во Агенцијата;
    7. Доказ дека на членот на органот на управување не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
    8. Доказ дека на членот на органот на управување не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност ;
    9. Доказ дека членовите на органот на управување не извршувале функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка;
    10. Доказ дека членовите на органот на управување не се поврзани лице со правно лице во кое друштвото за осигурување директно или индиректно поседува сопственост на повеќе од 10% од капиталот или правата на глас  во тоа правно лице;
    11. Доказ на друштвото за осигурување дека членовите на органот на управување ќе бидат во постојан работен однос во друштвото за осигурување;
    12. Уверение за престој и дозвола за работа во Република Македонија (за странско физичко лице).
    13. Доказ дека најмалку еден од членовите на органот на управување го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
    14. Заради исполнување на условот членовите на органот на управување да бидат во постојан работен однос во друштвото за осигурување, до Агенцијата дополнително се достаува и Договор за засновање работен однос со Агенцијата за вработување на РМ, во рок од 5 дена од денот на засновање на работниот однос.

    3. Дополнително, во процесот на одлучување дали предложеното лице ги исполнува критериумите за член на орган на управување на друштво за осигурување, пропишани со Законот за супервизија на осигурување, Агенцијата може да побара и:

    1. препораки од најмалку две лица со искуство од областа на осигурувањето и/или финансиите, од кои едното лице не е лице со посебни права и одговорности во друштвото во која се именува за член на управниот одбор, ниту е лице поврзано со тоа друштво;
    2. за странско физичко лице, потврда од правните лица во кои го стекнал потребното искуство за член на орган на управување во друштво за осигурување и
    3. друга документација која Агенцијата ќе ја побара во процесот на одлучување.
      4. Агенцијата може да спроведе интервју со предложениот член на орган на управување на друштвото за осигурување при кое се оценуваат неговото искуство во областа на осигурувањето или финансиите, познавањето на прописите од областа на осигурување и/или финансиите, неговите управувачки и организациски способности и стекнатото искуство.

       


       

      9. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДОБИВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ РАБОТИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

       

      1. Доказ за извршена уплата за издавање дозвола за осигурително брокерско друштво, согласно тарифен број 2.2 од Тарифникот;

      2. Кон барањето основачите на друштвото се должни да поднесат:

       

      1. Предлог Статут;
      2. План за работа;
      3. Доказ дека се уплатени парични средства на име акционерски капитал на засебна привремена сметка кај носител на платен промет согласно членот 148 од  Законот за супервизија на осигурување;
      4. извори на средства за уплата на на капиталот;
      5. потврда од надлежна институција за редовно плаќање на јавните давачки;
      6. список на акционери, со наведување на име, презиме и адреса на живеење на физичките лица и назив и седиште на правните лица, како и податоци за вкупниот номинален износ на поседувани акции и процент на учество во акционерскиот капитал на друштвото за осигурување;
      7. докази во врска со член 14 од Законот за супервизија на осигурување;
      8. предлог на акти на деловната политика наведени во член 149 од Законот за супервизија на осигурување;
      9. документација врз основа на која може да се констатира дека осигурително брокерското друштво е кадровски, технички и организационо оспособено за вршење на работите предвидени со статутот на друштвото;
      10. преддоговор или договор за осигурување од одговорност согласно членот 150 од Законот за супервизија на осигурување;
      11. доказ за непостоење на капитална или управувачка поврзаност со друштва за осигурување, друштва за застапување во осигурувањето или други осигурителни брокерски друштва;
      12. Програма за имплементација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

      3. Покрај документацијата од точка 2, акционерите - правни лица кон барањето поднесуваат и:

      1. акт за основање и список на членови на органот на управување на правното лице;
      2. извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на правното лице;
      3. копија од акционерска книга, односно доказ од друг соодветен јавен регистар;
      4. ревизорски извештај од овластено друштво за ревизија за последните две деловни години.

         

        10. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА  ЗА ДОБИВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

         

        1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола на друштво за застапување, согласно тарифен број 3.2 од Тарифникот;

        2. Кон барањето  основачите на друштвото се должни да поднесат:

        1. Предлог Статут;
        2. План за работа;
        3. Доказ дека се уплатени пари£ни средства на име акционерски капитал на засебна привремена сметка кај носител на платен промет согласно членот 134-е став (2) од Законот за супервизија на осигурување;
        4. извори на средства за уплата на капиталот;
        5. потврда од надлежна институција за редовно плаќање на јавните давачки;
        6. список на акционери, со наведување на име, презиме и адреса на живеење на физичките лица и назив и седиште на правните лица, како и податоци за вкупниот номинален износ на поседувани акции и процент на учество во акционерскиот капитал на друштвото за осигурување;
        7. докази во врска со член 14 од Законот за супервизија на осигурување;
        8. предлог акти на деловната политика од член 149 од Законот за супервизија на осигурување
        9. документација врз основа на која може да се констатира дека друштвото за застапување во осигурувањето е кадровски, технички и организационо оспособено за вршење на работите предвидени со статутот на друштвото;
        10. преддоговор или договор за застапување склучен со друштво за осигурување кој мора да содржи одредба за постојан надзор на друштвото за осигурувње врз извршувањето на тој договор;
        11. преддоговор или договор за осигурување од одговорност согласно ставот (5) од членот 134-е од Законот за супервизија на осигурување;
        12. доказ за непостоење на капитална или управувачка поврзаност со друштва за осигурување,други друштва за застапување во осигурувањето или осигурително брокерски друштва;
        13. Програма за имплементација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

        3. Покрај документацијата од точка 2, акционерите - правни лица кон барањето поднесуваат и:

        - Акт за основање и список на членови на органот на управување на  правното лице;

        - Извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на правното лице;

        - Копија од акционерска книга, односно доказ од друг соодветен јавен регистар;

         


         

        11. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА  ЗА ДОБИВАЊЕ  ЛИЦЕНЦА ЗА ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР

         

        1. Доказ за  извршена уплата за издавање лиценца за осигурителен брокер, согласно тарифен број 4.1 од Тарифникот;

        2. За издавање лиценца за осигурителен брокер до Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: Агенцијата) се доставува следната документација:

         

        2.1 Барање за добивање лиценца за осигурителен брокер
        2.2 Сертификат за положен испит за осигурителен брокер;
        2.3 Доказ дека лицето има најмалку средна стручна подготовка;
        2.4 Доказ дека лицето го познава македонскиот јазик и неговото кирилично писмо;

        2.5 Доказ дека лицето има најмалку една година искуство од областа на осигурувањето или посредување во осигурувањето;

        2.6 Доказ дека на лицето не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;

        2.7 Доказ дека на членот на органот на управување не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
        2.8 Доказ дека лицето не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка.

         


         

        12. ПОТРЕБНАТА ДОКУМАНТАЦИЈА ЗА ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦА ЗА ЗАСТАПНИК ВО ОСИГУРУВАЊЕТО 

         

        1. Доказ за  извршена уплата за издавање лиценца за застапник во осигурувањето, согласно тарифен број 4.2 од Тарифникот;

        2. Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде лиценца за застапник во осигурувањето на лицето кое ги исполнува следните услови:

        1. да има положено стручен испит за застапник во осигурувањето;
        2. да има најмалку средно образование;
        3. да го познава македонскиот јазик и неговото кирилично писмо;
        4. да не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
        5. да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
        6. да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка.
        7. договор за застапување
         

         

        13. ПОТРЕБНАТА ДОКУМАНТАЦИЈА ЗА ДОБИВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ОВЛАСТЕН АКТУАР ВО ОСИГУРУВАЊЕТО

         

        1. Доказ за  извршена уплата за издавање дозвола овластен актуар во осигурувањето, согласно тарифен број 4.3 од Тарифникот;

        2. Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде  дозвола за работа како овластен актуар, лицето мора да ги исполнува следните услови:

        1. да има високо образование;
        2. да има положено стручен испит потребен за работа како овластен актуар;
        3. да има најмалку 1 година работно искуство во областа на осигурувањето или супервизија на осигурувањето;
        4. да не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
        5. да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка;
        6. да не му е претходно одземена дозволата за работа како овластен актуар.

        3. Покрај одредбите од точка 2, лице кое има положено стручен испит за вршење работи како овластен актуар во странство може да добие дозвола за работа како овластен актуар во Република Македонија доколку ги исполнува и следните услови:

        1. квалификацијата на лицето да е со стандарди не пониски од стандардите што се бараат согласно овој закон;
        2. лицето успешно да го положи испитот со кој се обезбедува дека тоа лице има адекватно знаење на законите и праксата во Република Македонија потребни за работа како овластен актуар во Република Македонија.
         

        Анкета

        Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
         
        Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
         

         

         

        • Потребна документација
        • Тарифник на АСО
        • Мисија
        • Квартални извештаи
        • Прашајте ја АСО
        • Закони
        • Регистар на друштва за осигурување