Последната промена е направена на:
17 септември 2019 во 13:22 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Почеток на обуката за застапници

На 14.10.2010 година со почеток во 14 часот, во просториите на Европски Универзитет,  Агенцијата започнa со спроведување на првата обука за застапници во осигурувањето.

DSCN0870Обуката беше отворена од страна на Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата кој им посака добредојде на присутните и успех на обуката. Исто така, обраќање имаше и г. Жан Пјер Даниел кој во моментов  е со консултантски ангажман во Агенцијата и има долгогодишно искуство во областа на посредувањето во осигурувањето.

Агенцијата очекува преку овој процес на едукација да се зајакне професијата на застапување во осигурувањето и значително да се подобри општата состојба на  пазарот на осигурување во Република Македонија. 

Согласно планот на Агенцијата процесот на едукација е предвиден да се реализира во повеќе групи. Агенцијата на својата веб страница ќе ги објавува сите информации во врска со обуката.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување