Последната промена е направена на:
15 јули 2019 во 12:53 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Посета на Амбасадорот Ерван Фуере во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување

Во среда, 29 септември 2010 година (во 11:00 часот) специјалниот претставник на Европската Унија и шефот на Делегацијата Амбасадорот Ерван Фуере ја посети Агенцијата за супервизија на осигурување.

fuereПосетата од страна на Амбасадорот е со цел поблиско запознавање со активностите што Агенцијата ги презема во рамки на техничката помош обезбедена од европските фондови согласно ИПА Програмата.Тековно Агенцијата е корисник на овие фондови и како резултат на тоа ќе реализира бројни активности кои ќе резултираат со носење на акти, правилници и упатства од областа на осигурувањето и супервизијата.  

Ова е прва посета на Амбасадорот во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување. Во рамки на посетата Амбасадорот имаше можност да се запознае со активностите на Агенцијата како и непосредно да се сретне со вработените и да ги разгледа новите простории на Агенцијата.

Потоа, Амбасадорот и Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата г. Климе Попоски дадоа изјави за работењето на регулаторното тело, неговите надлежности на пазарот на осигурување како и предизвиците.

 

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување