Последната промена е направена на:
14 ноември 2019 во 11:13 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Панел дискусија - Друштва за осигурување, перспективи на бизнисот и импликации на македонскиот пазар на капитал

Во периодот од 29 април до 1 маj, во Охрид беше одржана 11-та конференција на Македонската берза. На овој настан присуствуваа голем број учесници, професионалци и експерти од финансиската индустрија од земјата и странство, при што преку дебатирање и панел дискусии се разменуваа мислења и се  споделуваа искуства. Оваа Конференција беше исклучителна можност да се запознаат најновите трендови и мислења поврзани со финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност.

IMG_7799_cr1Низ организирани дебати се направи обид да се препознаат  Македонските економски предизвици,  Меѓународните и регионалните економски предизвици, да се  дефинира местото и  перспективите на друштвата за осигурување чија улога е од исклучителна важност за понатамошен развој на финансиките пазари.

На оваа Конференција учество зеде и Агенцијата за супервизија на осигурување како независен регулаторен орган надлежен за пазарот на осигурување во Република Македонија. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, г. Климе Попоски заедно со претставници од друштвата за осигурување, дадоа свој придонес во панелот посветен на осигурителниот бизнис и импликациите на македонскиот пазар на капитал.
 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување