Седница одржана на 4 април, 2024
- Записник од 7-та седница на СнЕ на АСО одржана на 26 март, 2024 година;
- Решение по барањето за давање согласност за друштво за ревизија на Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје за 2024 година;
- Решение по барањето за давање согласност за друштво за ревизија на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје за 2024 година;
- Решение по барањето за давање согласност за друштво за ревизија на Акционерското друштво за осигурување Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје за 2024 година;
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за животно осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје.
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонијаза 2024 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри,Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2024 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
- опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2024 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.
Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство не се прифатливи.
На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2024 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови.
Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024година“.
Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои најмалку тројца се надворешни членови. Членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет-страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2024 година.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 1.11.2024 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Седница одржана на 26 март
- Записник од 6-та седница на СнЕ на АСО одржана на 5 март, 2024 година;
- Измена на планот за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување, за 2024 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Триглав Осигурување Живот АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон АД за осигурување ВИНЕР Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштво за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје,
- Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2024 година,
- Решение за именување на членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2024 година,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето бр.УП 19-3-141 од 09.06.2017 година на лицето Александар Здравкоски,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето бр.УП 14-3-758 од 12.07.2022 година на лицето Илчо Димитров,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето бр.УП 14-10-1176 од 19.12.2022 година на лицето Петре Димовски,
- Извештај од спроведен испит по предмeт АКТУАРСКА МАТЕМАТИКА 1,
- Одлука за изменување и дополнување на статутот на Агенцијата за супервизија на осигурување
Нова брошура на АСО: Осигурување имот во три чекори
Како регулатор во осигурувањето Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) води особена грижа за едукација на сите граѓани
– актуелни или идни осигуреници. Заради тоа целта на оваа брошура е да даде најосновни насоки и објаснувања во врска со осигурувањето имот
АСО по повод „Глобалната недела на парите“: Проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето!
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и годинава активно се приклучува во глобалната акција за подигнување на свесноста на населението за потребата од осигурување, во рамки на Глобалната недела на парите:
За вас, почитувани читатели, ценети сограѓани и сограѓанки, актуелни и потенцијални осигуреници подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето.
Осигурувањето не е луксуз ниту трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто ви е потребно осигурувањето за вас и вашите најблиски.
Во седмицата што е пред нас, во рамки на Глобаалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно вашите потреби. По иницијатива на АСО, во овој глобален настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно осигурителните компании и осигуртелно-брокерските друштва.
За повеќе да се информирате посетете го нашиот едукативен сајт www.edukacija.aso.mk.
Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Не заборавајте да не следите на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“
Глобален ден на потрошувачот -15 март, осигуреникот секогаш на прво место!
Заштитата на правата на осигурениците секогаш бил, е и ќе остане да биде врвен приоритет на Агенцијата за супервизија на осигурување. Нашата максима е дека осигуренкот секогаш треба да ја добие најдобрата осигурителна услуга за средствата што ги вложува без разлика дали станува збор за осигурување живот, имот, здравје, незгода, автоодговорност, патување или други потреби.
И затоа секогаш вас, почитувани осигуреници, ве потсетуваме едуцирајте се! Ние сме тука за вас, а на нашата веб платформа www.edukacija.aso.mk секогаш има корисни и јавно достапни содржини кои ќе ги продлабочат вашите знаења за тоа какво осигурување ви е потребно и што е неопходно да знаете пред да купите осигурителна услуга.
Воедно ние како регулатори на осигурителниот пазар, кои се грижат за заштита на вашите права преку едукација, секогаш сме тука за вашите прашања во врска осигурувањето на мејл адресата contact@aso.mk
Во оваа прилика уште еднаш потенцираме дека Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се грижи за вашите права од осигурување и преку директно и непосредно постапување по ваш претставки. А претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.