Последната промена е направена на:
11 ноември 2019 во 13:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Супервизорски форум, Франкфурт, Германија
Понеделник, 16 Септември 2019 08:42

Изминатата недела во седиштето на Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA), во Франкфурт, Германија се одржа за прв пат Осигурителен Супервизорски Форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан.

69918651_455637641715837_846355792809426944_n

Делегација од Агенцијата за супервизија на осигурување присуствуваа на Форумот и имаа презентација за сегашните развојни трендови на македонскиот осигурителен пазар, како и за актуелните предизвици од областа на регулатива и супервизија. Претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски истакна „ Во последните 10 години имаме значаен пораст на осигурувањето и тоа во двата сегмента неживот и осигурување на живот. За споредба во периодот 2009-2018 година кумулативниот и просечно годишната стапка на раст во двата сегмента на осигурителниот сектор се поголеми во споредба со просекот на пазарите на осигурување во ЕУ.IMG_1009

Целта на Супервизорскиот Форум претставуваше  предизвиците во имплементацијата на европските осигурителни директиви во националните законодавства на земјите од Западен Балкан, зајакнување на дијалогот помеѓу регулаторните тела од регионот и Европското регулаторно тело за осигурување и пензии, како и јакнење на супервизорските капацитети и практики за поголема стабилност на осигурителниот сектор.

Во рамките на Форумот покрај претставувањето на актуелните предизвици од областа на регулативата и супервизијата во осигурувањето од страна на претставниците од земјите од Западен Балкан, Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, г-ин Климе Попоски ќе има излагање во име на земјите на Западен Балкан на тема „Економски развој и преглед на осигурителната индустрија во регионот на Западан Балкан“.

 
Агенцијата за супервизија на осигурување, домаќин на Регионален настан на осигурителни супервизори
Среда, 11 Септември 2019 09:46
Агенцијата за супервизија на осигурување по вторпат е домаќин на Регионален семинар во заедничка организација со Институтот за финансиска стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). Семинарот оваа година ќе биде на тема групна...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
Петок, 06 Септември 2019 08:01
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе спроведе обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).

Обуката за застапник  во времетраење од 3...
Повеќе...
 
Под мотото посетете ги финансиските институции и проширете ги своите знаења за финансиите членките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија заедно ги отворија Деновите на финансика писменост и едукација.
Понеделник, 10 Јуни 2019 13:40
Целта на Деновите на финансиската писменост е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголеми свесноста за заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

На настанот, со инфо-пултови, учествуваа институциите од...
Повеќе...
 
КОНКУРС
Понеделник, 27 Мај 2019 08:44
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2019...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е
Среда, 11 Септември 2019 09:45
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи, двете објавени на ден 6.9.2019 година, Ве информираме дека...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Петок, 06 Септември 2019 07:54
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа)...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ до јавноста
Понеделник, 27 Мај 2019 08:59
Во текот на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост во периодот 29 до 31 мај 2019 година, на платото пред седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на адреса ул. Македонија број 25 Палата Лазар Поп Трајков во периодот од 11 до 13 часот ќе постави...
Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018)
Среда, 15 Мај 2019 10:43
I. ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ

Согласно членот 66 од Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018), друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 2 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување