Записник од 6-та седница на СнЕ на АСО одржана на 5 март, 2024 година;
Измена на планот за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување, за 2024 година,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Триглав Осигурување Живот АД Скопје,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон АД за осигурување ВИНЕР Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштво за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје,
Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2024 година,
Решение за именување на членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2024 година,
Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето бр.УП 19-3-141 од 09.06.2017 година на лицето Александар Здравкоски,
Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето бр.УП 14-3-758 од 12.07.2022 година на лицето Илчо Димитров,
Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето бр.УП 14-10-1176 од 19.12.2022 година на лицето Петре Димовски,
Извештај од спроведен испит по предмeт АКТУАРСКА МАТЕМАТИКА 1,
Одлука за изменување и дополнување на статутот на Агенцијата за супервизија на осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и годинава активно се приклучува во глобалната акција за подигнување на свесноста на населението за потребата од осигурување, во рамки на Глобалната недела на парите:
За вас, почитувани читатели, ценети сограѓани и сограѓанки, актуелни и потенцијални осигуреници подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето.
Осигурувањето не е луксуз ниту трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто ви е потребно осигурувањето за вас и вашите најблиски.
Во седмицата што е пред нас, во рамки на Глобаалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно вашите потреби. По иницијатива на АСО, во овој глобален настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно осигурителните компании и осигуртелно-брокерските друштва.
За повеќе да се информирате посетете го нашиот едукативен сајт www.edukacija.aso.mk.
Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Не заборавајте да не следите на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“
Заштитата на правата на осигурениците секогаш бил, е и ќе остане да биде врвен приоритет на Агенцијата за супервизија на осигурување. Нашата максима е дека осигуренкот секогаш треба да ја добие најдобрата осигурителна услуга за средствата што ги вложува без разлика дали станува збор за осигурување живот, имот, здравје, незгода, автоодговорност, патување или други потреби.
И затоа секогаш вас, почитувани осигуреници, ве потсетуваме едуцирајте се! Ние сме тука за вас, а на нашата веб платформа www.edukacija.aso.mk секогаш има корисни и јавно достапни содржини кои ќе ги продлабочат вашите знаења за тоа какво осигурување ви е потребно и што е неопходно да знаете пред да купите осигурителна услуга.
Воедно ние како регулатори на осигурителниот пазар, кои се грижат за заштита на вашите права преку едукација, секогаш сме тука за вашите прашања во врска осигурувањето на мејл адресата contact@aso.mk
Во оваа прилика уште еднаш потенцираме дека Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се грижи за вашите права од осигурување и преку директно и непосредно постапување по ваш претставки. А претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Записник од 5-та седница на СнЕ на АСО одржана на 27 февруари, 2024 година;
Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп на лицето Озрен Марјановиќ,
Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп Скопје, на лицето Милан Антовски.