Последната промена е направена на:
14 ноември 2018 во 12:17 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
КОНКУРС за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017 година
Вторник, 16 Мај 2017 00:00

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2017 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.

Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

- апстракт;

- осврт на консултираната литература од областа која се истражува;

- опис на методите на истражување кои се користат во трудот;

- анализа;

- заклучни согледувања и

- библиографија.

 

Повеќе...

 
Глобална недела на пари
Петок, 24 Март 2017 00:00
Во периодот од 27 март до 2 април, 2017 година ќе се одвива традиционалниот настан ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИ. Овој настан се случува на глобално ниво и е со единствена цел да се зголеми финансиското знаење на населението. 

Агенцијата за супервизија на осигурување е голем...
Повеќе...
 
Доделена награда на Агенцијата за супервизија на осигурување
Среда, 01 Март 2017 00:00
    На 17-ти февруари на свечен и достоен начин Стопанската комора на Македонија како најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјата ја одбележа  95 годишнината од своето постоење и функционирање. На оваа манифестација како партнер на Комората беше поканета...
Повеќе...
 
Доделени наградите за најуспешни творби на Конкурсот по повод Денот на штедењето
Вторник, 29 Ноември 2016 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување,Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија доделија награди за најуспешните ликовни и литературни творби пријавени на конкурсот по повод Денот на штедењето - 31 Октомври. Наградите ги доделија...
Повеќе...
 
Прогласен победникот на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година
Петок, 04 Ноември 2016 10:04
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седницата одржана на 31.10.2016 година, го усвои Извештајот на Комисијата за избор на најдобар  истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2016 година со што го...
Повеќе...
 
Склучен меморандум за партнерство и соработка меѓу РСБСП и АСО
Понеделник, 06 Март 2017 16:18
Агенцијата  за супервизија на осигурување (АСО) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБС) денес  потпишаа меморандум за партнерство и соработка и заедничко дејствување.

 

Предмет на  заедничка соработка ќе биде реализација на...
Повеќе...
 
Известување
Среда, 18 Јануари 2017 16:07

Ве известуваме дека Агенцијата за супервизија на осигурување на 23.01.2017 година се пресели во нови деловни простории, кои се наоѓаат на следната адреса:

 

Ул, Македонија б.б. – “Палата Лазар Поп-Трајков“ – 5-ти кат, 1000 - Скопје

 
Наградени по конкурс за деца и млади по повод светскиот ден на штедењето - 31 октомври за 2016 година
Понеделник, 14 Ноември 2016 00:00

Наградени по конкурс за деца и млади по повод светскиот ден на штедењето - 31 октомври за 2016 година

 
Информација за одржана работилница 6-7 Октомври, 2016, Охрид
Понеделник, 10 Октомври 2016 13:41
Агенцијата за супервизија на осигурување, во соработка со Светска Банка и Европското Тело за Осигурување и Пензиски Фондови (EIOPA), на 6-ти и 7-ми октомври 2016 година организираа работилница на тема Ризично базирана супервизија (Risk Based Supervision Workshop) во Охрид. За првпат ваков вид...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 4 од 19

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување