Последната промена е направена на:
14 ноември 2019 во 11:13 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Попоски од Франкфурт на Вториот форум за InsurТech Roadshow истакна – дигитализацијата во осигурувањето ќе влијае на поголемо задоволство на осигурениците, намалени цени на полисите за осигурување и поефикасна исплата на штети
Петок, 22 Март 2019 00:00

Денес се одржа второ по ред “Global InsurTech Roadshow”, во организација на TechQuartier, познат дигитален центар и Goethe Business School, во Франкфурт, Германија. Настанот беше подржан од Европскиот регулатор за осигурување и пензии (EIOPA). Во панел дискусијата насловена „Регулаторни разговори“ свое обраќање имаше Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски. Панелот беше модериран од страна на Philipp Krohn од Frankfurter Allgemeine Zeitung, познат германски новинар кој ја следи осигурителната индустрија, додека во панелот учествуваа Извршниот директор за осигурување при Федералниот авторитет за финансиска супервизија на Германија г. Dr. Frank Grund и Генералниот директор на Израелскиот регулатор за пазар на капитал, осигурување и штедење г. Dr. Moshe Bareket.

frankfurt

Притоа, Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски ја истакна улогата на Агенцијата како регулаторно тело  за подржка на дигитализацијата која во иднина ќе има силно влијаните врз промена на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурувањето. „Промените ќе значат поголема економичност во работењето на осигурителните субјекти и тоа ќе влијае врз намалување на цените на осигурителните продукти, поголема и поедноставна достапност до потенцијалните осигуреници, поголема ефикасност во решавање на штети, поголемо задоволство во консумирање на осигурителните продукти и поголема стабилност на осигурителната индустрија“, посочи Попоски на панел дискусијата.

На дводневниот форум во Франкфурт учествуваа еминетнти претставници од регулаторни тела, осигурителни друштва и посредници во осигурувањто, start-up компании и универзитески професори.

 
Информација за обуки
Понеделник, 18 Март 2019 16:26
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во мартковска едукативно испитна сесија...
Повеќе...
 
Регионална актуарска конференција
Понеделник, 04 Март 2019 10:46
Агенцијата за супервизија на осигурување (AСО) во соработка со SC XPRIMM International SRL, од Букурешт Романија, врз основа на минатогодишното позитивно искуство одлучи и оваа година да организира регионална актуарска конференција. На тој начин, истовремено се работи на реализирање...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Вторник, 26 Февруари 2019 14:30
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа)...
Повеќе...
 
Повик за поднесување на понуди за избор на едукатори за образовни услуги
Петок, 15 Февруари 2019 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување има потреба од образовни услуги од страна на едукатори, заради спроведување обука и стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето како и заради спроведување обука и стручен испит за вршење осигурително...
Повеќе...
 
Соопштение
Вторник, 05 Март 2019 12:39
На 21 Февруари 2019 година во седиштето на Европската Комисија во Брисел, Претседателот на Советот на Експерти на Агенцијата за Супервизија на Осигурување г-нот Климе Попоски  оствари средба со г-нот Kyriacos Charalambous, член на Кабинетот на Комисионерот Јоханес Хан.



Целта на...
Повеќе...
 
Пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит
Петок, 01 Март 2019 15:11
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување објавено на ден 26.2.2019 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 01.3.2019 година (15 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
Вторник, 26 Февруари 2019 14:20
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани лица дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).

Обуката за полагање на...
Повеќе...
 
Одржана првата „INSURTECH“ работилница во Стопанската комора на Македонија - ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Понеделник, 11 Февруари 2019 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурувањето во соработка со Здружението на осигурувањето при Стопанската Комора на РМ и oрганизацијата „Fintechguardian.eu", на 8.2.2019 година, во Стопанската Комора на Македонија ја одржаа првата „INSURTECH" работилница за друштвата за...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 4 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување