Последната промена е направена на:
19 јули 2019 во 07:46 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
Понеделник, 02 Јуни 2014 08:48

К   О   Н   К   У   Р   С

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година

 

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2014 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.

Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

- апстракт;

- осврт на консултираната литература од областа која се истражува;

- опис на методите на истражување кои се користат во трудот;

- анализа;

- заклучни согледувања и

- библиографија.

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2014 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

                                                                                                                                               повеќе..

 
Испит за застапници на осигурување 12 и 13.05.2014
Вторник, 06 Мај 2014 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување  ги информира лицата кои се пријавиле на обука и испит за застапници во осигурување, и тоа:

Испит за  застапници во осигурување ќе се спроведе на 12.05.2014 година  во просториите на Европски Универзитет со почеток во 15:30 часот...
Повеќе...
 
ПРВА ОБУКА НА АКРЕДИТИРАНИ ЗАСТАПНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС ПОДДРЖАНИ ОД ЕВРОПА РЕ
Четврток, 03 Април 2014 00:00
 

   Реализацијата на новата пазарна инфраструктура на системот за осигурување од ризици од природни катастрофи и временски непогоди, создаден и поддржан од Европа Ре – специјализирано друштво за реосигурување од природни катастрофи со седиште во Цуг, Швајцарија...
Повеќе...
 
Известување за одржување обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи
Недела, 09 Март 2014 00:00
Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Планот за работа на Агенцијата за 2014 година, Агенцијата донесе Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014...
Повеќе...
 
Информација за одржана презентација од страна на Европа Ре (18.11.2013)
Понеделник, 25 Ноември 2013 10:02
Активностите во рамки на Регионалниот проект за осигурување на ризик од катастрофи (Europa Reinsurance Facility Ltd.), за кој Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е назначена како имплементатор, продолжуваат и понатаму. Во рамки на Проектот, се предлага воведување на нов...
Повеќе...
 
Испит за осигурителни брокери 13.05.2014
Вторник, 06 Мај 2014 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување  ги информира лицата кои се пријавиле на обука и испит за осигурителни брокери, и тоа:

Испит за  осигурителни брокери ќе се спроведе на 13.05.2014 година  во просториите на Европски Универзитет со почеток во 15:30 часот...
Повеќе...
 
Глобална недела на пари
Понеделник, 10 Март 2014 10:13
 

Глобална недела на пари, оваа година се одржува од 10 до 17 март, а учество ќе земат околу 2 милиони деца од над 100 земји во светот. Сите тие ќе се вклучат во активностите кои ќе бидат организирани од над 500 институции и организации. Нашата земја исто така, активно се вклучи...
Повеќе...
 
На 19 декември склучен Меморандум
Петок, 10 Јануари 2014 14:57
На 19 декември, 2013 година, во седиштето на Народната банка на Република Македонија, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на...
Повеќе...
 
Одбележување на Денот на осигурувањето
Понеделник, 18 Ноември 2013 09:51
 

Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2013 година, во 10ч. во хотелот “Александар Палас”, одржа свечена манифестација по повод Денот на осигурувањето. На настанот свечено обраќање имаа г. Зоран Ставрески, Заменик Претседател на Владата и министер за...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 15 од 21

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување