Последната промена е направена на:
25 јануари 2012 во 16:17 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Програма за осигурување од ризик од катастрофи
Среда, 04 Јануари 2012 12:00

Главниот мотив за овaa Програма е да се промовира развојот на осигурувањето од ризици од природни катастрофи и временски неприлики на домашниот пазар, со што на локалните стопанственици и на населението ќе им биде овозможено да купат прифатливи производи за осигурување од овие ризици, коишто во моментот не може да се најдат на пазарот. За имплементација на SEEC CRIF програмата е формирана непрофитната институција Европа Ре, која е компанија за реосигурување од ризици од катастрофи, во сопственост на одредени држави од Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Република Македонија. Оваа реосигурителна компанија ќе биде одговорна за дизајнирање на осигурителните производи коишто ќе им ги понуди на сите друштва за осигурување во Република Македонија.

 

Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија (АСО) е носител на Проектот во Република Македонија и за таа цел ja формираше Работната група составена од повеќе институции, вклучувајќи ја и Народната банка на Република Македонија. Во рамки на Програмата за осигурување на ризик од катастрофи, Светската банка ќе изработи студија за улогата на банкарскиот сектор во овој домен. Податоците од банките се потребни за да се создаде реално согледување на:

1. Ефектот од природните катастрофи врз портфолијата на кредитите и депозитите,

2. Начинот на кој банките го идентификуваат и проценуваат ризикот од природни катастрофи во однос на нивното работење, и

3. Степенот на нивната заинтересираност за поврзување на своите производи со осигурителни производи, посебно за ризиците од природни катастрофи и  временски непогоди.

 

Со цел успешно да се изработи оваа студија ве молиме пополнетиот прашалник, да го доставите најдоцна до 31.01.2012 година, во електронска форма кај г. Дарко Блажевски (е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , тел. +389 2 3254 062), координатор на работната група при Агенцијата за супервизија на осигурување, кај кого можете да се обратите и за евентуални прашања при пополнувањето на прашалникот.

 

БАРАЊЕ ДО БАНКИТЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

ПРАШАЛНИК ДО БАНКИТЕ ЗА ЕВРОПА РЕ

 
Средба со претставниците на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ)
Понеделник, 05 Декември 2011 00:00
На 2 декември, во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување се одржа работна средба со претставниците на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ).

На средбата која на редовна основа ја имаат претставниците на двете институции, освен што бeше дискутирана...
Повеќе...
 
Одбележување на две годишнина на Агенцијата за супервизија на осигурување
Вторник, 01 Ноември 2011 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурувањето ја одбележа двегодишнината од своето постоење со пригодна свеченост која се одржа во хотелот Стоун Бриџ, Скопје. На овој свечен настан беа поканети високи државни претставници, претставници од осигурителната индустрија и...
Повеќе...
 
Посета на претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
Вторник, 18 Октомври 2011 00:00
Претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја посетија Агенцијата за супервизија на осигурување. На работната средба која се одржа на 18 октомври, 2011 година бeше анализирана моменталната состојба на пазарот на осигурување во Република Македонија.

Исто така...
Повеќе...
 
Работилница - Ризично базирана супервизија во осигурувањето
Понеделник, 07 Ноември 2011 00:00
АСО во соработка со УСАИД – проектот Партнери за финансиска стабилност (PFS) организираше дводневна работилница на тема Ризично базирана супервизија во осигурувањето, која се одржа во х. Холидеј Ин на 3 и 4 ноември 2011 г.

Работилницата произлезе врз основа на заклучоците на...
Повеќе...
 
Конференција на ЕВРОПА РЕ, “Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност”
Среда, 19 Октомври 2011 00:00
Првата регионалната конференција на ЕВРОПА РЕ, "Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност", се одржa во х.Гранит, Охрид, од 12 до 15 октомври 2011 година.

Конференцијата беше заеднички организирана од...
Повеќе...
 
Информации за спроведување на Стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар
Понеделник, 17 Октомври 2011 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 1 ноември 2011 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со...
Повеќе...
 
« ПочетокПред123456СледноКрај »

Страница 1 од 6